05 Декември, 2025
0.0303

САМО КОВИДОТ ГО СПРЕЧИ ИСЕЛУВАЊЕТО – семејства со помали деца најмасовно заминуваат од Македонија

Објавено во: Македонија 22 Април, 2024 09:04

Добивај вести на Viber

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија и се исселуваат зема замав. Освен пандемиската 2020 година, кога има значително помалку лица кои заминале, од 2011 година наваму бројот на граѓани кои заминуваат постојано расте. Податоците покажуваат дека семејства со деца на возраст до 10 години најмасовно заминуваат од Македонија. Бројките покажуваат дека најголем дел од децата кои ги напуштаат училиштните клупи, тоа го прават поради преселба на семејството во странство. Втора причина за испис од училиштата е упис во друго училиште во истата населба, или пак во друг дел од земјата.

Анализата на Државниот завод за статистика „Детска популација“ покажува дека од година во година овие тенденции стануваат поизразени.

-  Согласно податоците за деца кои се отпишале од основно училиште и го прекинале школувањето, може да се забележи континуиран тренд на раст во периодот 2017-2022 година, од 2.871 на 3.313, што претставува зголемување од околу 15 проценти – се наведува во анализата на ДЗС.

Исклучок претставува 2020/2021 година, при што намалувањето се претпоставува дека се должи на влијанието на рестриктивните мерки за патување во странство во текот на првата година од пандемијата на Ковид-19.

Од учениците кои си заминале, околу една третина се префрлиле во друго училиште во истото место на живеење, помалку од третина заминале во друго училиште во друга општина во државата, а доминира уделот на ученици кои го напуштиле основното образование за да продолжат со школување во други држави.

-  Нешто помалку од половина од вкупниот број ученици го напуштиле основното училиште заради емиграција во странство. Овој процент, со исклучок на пандемиската 2019/2020 година, забележува благ пораст низ годините под анализа. Дополнително, се зголемува и процентот на ученици кои го напуштиле основното училиште заради внатрешни миграции – се појаснува во анализата.

Важно е да се нагласи дека повеќе од половина, а во одредени учебни години и блиску до две третини од учениците кои го прекинале основното образование, тоа го направиле во одделенијата I до IV; околу 15 отсто тоа го направиле во V одделение; помалку од 10 проценти во VI одделение, нешто повисок процент на заминувања се случуваат во VII и VIII одделение.

ГОЛЕМ БРОЈ ТИНЕЈЏЕРИТЕ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Аналитичарите посочуваат дека прв генереален заклучок е дека бројот на ученици во средно образование е понизок од бројот на ученици во основно образование, и дека промените тука се потешки за анализирање.

- Кога станува збор за стапките на запишување во средно образование, во периодот под анализа тие остануваат под нивото на стапките на запишување во основно образование и покрај фактот што средното образование е задолжително во Македонија. Во периодот под анализа, вкупната бруто стапка на запишување ученици во средното образование се движи помеѓу 78,9 и 85,6. Разлики според полот се присутни и најголемата разлика од 3,8 проценти е забележана во учебната 2016/2017 година, во корист на момчињата. Во последните неколку учебни години овој јаз е намален, при што во учебната 2021/2022 се запишале 1,3 отсто повеќе девојчиња во споредба со момчиња. Доколку ја анализираме бруто стапката на запишување, може да се констатира дека бележи тренд на намалување; сепак, фактот дека повеќе од 15 отсто од населението во рамки на законски пропишаната возраст не е вклучено во средно образование покажува потреба од адресирање на ова прашање – се нагласува во анализата.

Статистичарите исто така укажуваат дека има ученици кои го напуштаат средното образвоание, но нема податоци каде заминуваат.

Уделот на ученици кои го напуштиле училиштето од непознати причини варира помеѓу 9 отсто во 2021/2022, 15 проценти во 2018/2019. Уделот на овие ученици варира низ годините и не можат да се идентификуваат јасни трендови. Кога станува збор за годините во кои најчесто се прекинува средното образование, податоците покажуваат дека ова најчесто се случува во првите две години од средното образование.

П.О. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија