05 Декември, 2025
0.0535

Само проектите за скопската железница и неколку делници ќе чинат 455 илјади евра, сумата за изградба допрва ќе се утврдува

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2025 08:03

Добивај вести на Viber

Железничката станица во Скопје за пет до шест години нема да биде место на кое луѓето се плашат да поминат, ако се оди според планот кој го претстави директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски. Тој потпиша договор со единствениот понудувач - Градежниот факултет, вреден над 455 илјади евра или 28 милиони денари.

Но, што содржи договорот - факултетот се обврзува дека за 12 месеци ќе треба да се изработат четири проектни документации. Секоја од нив чини по речиси 114 илјади евра, или по над 7 милиони денари. 

Првиот проект е за ремонт на дел од коридор 19, на делница Скопје-Велес помеѓу станиците во Зелениково и Велес, односно за санација на свлечиште. Вториот проект е за санација на свлечиште на делницата Велес-Гостиражни. Третиот пак, е за реконструкција и адаптација на железничката станица во Скопје, која одамна изгледа како во филмови од деведесеттите, а последниот проект, се однесува на мостот на Црна река, каде поминува пругата. 

Според договорот, Градежниот факултет е должен предметот на набавката да го извршува сукцесивно, според потребите на МЖ Инфраструктура. Меѓу другото, од овие проекти ќе зависи и колкава ќе биде сумата за реконструкција на железничката станица во Скопје, но и останатите делови кои се предмет на овој тендер. Тие ќе бидат утврдени дури откако Градежен ќе си ја заврши првичната работа - проектирањето. Тогаш, ќе се бара и изведувач на овие крупни градежни работи.

Она што беше ветено е дека работата треба да заврши во исто време со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

„Финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, како ЕБРД, ЕИБ, комерцијалните  банки, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија со кои ќе правиме многу капитални инфраструктурни проекти. За пет до шест години од денеска во исто време да бидат готови и брзата пруга и кракот до Скопскиот аеродром, Можеби делува апстрактно но верувајте со сите сили работиме параллено на сите проекти“, рече директорот на МЖ Инфраструктура Ивановски при најавувањето на проектот.

А со новиот лик, ќе ги нема ниту билбордите и другите алтернативни начини на рекламирање, а нема да се дозволуваат ниту „доградби на ќебапчилници“.

Александар Тодески

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен