Добивај вести на Viber
Автопортрет со сламена шапка на Ван Гог, сопственост на банкротираниот американски град Детроит, е оценета на 80-150 милиони долари од аукциската куќа Christie's .
Таа врши проценка на делата од колекцијата на градскиот Институт за уметностите. Меѓу другите највредни уметнички дела кои припаѓаат на автомобилската престолнина на САД , е „Свадбен танц " на Питер Бројгел - Стари. Според Christie's вредноста на платното е 100-200 милиони долари. Слика на Анри Матис е проценета на 40-80 милиони долари , на Клод Моне на 12-20 милиони долари , „Богородица со дете",од работилницата во Џовани Белини на 4-10 милиони долари.
Целата колекција на уметнички дела што припаѓа на Детроит , се проценува на 450-870 милиони долари. Како што е наведено од Christie's , 75 отсто од оваа сума се должи на 11 уметнички дела кои се дел од вкупно 2800 од највредните експонати во колекцијата на музејот.
Проценката на вредноста на збирката на Институтот за уметност е едно од побарувањата на доверителите на банкротираниот град , потсетува БГНЕС . Можно е дел од неговите дела да бидат продадени како дел од преструктуирањето на гигантскиот долг од над 18 милијарди долари.
Во исто време многу експерти предупредуваат дека распродажбата на богатата колекција на музејот би била многу краткорочен чекор. На 3 декември автомобилската престолнина на САД прогласи стечај. Судијата пресуди дека градот не е во можност да ги плаќа своите долгови и Детроит стана најголемиот банкротиран град во историјата на САД.
Во јануари идната година градот треба да поднесе пред судот план за намалување на долгот.