06 Декември, 2025
0.0276

Само за дами: Неколку совети за поубави нокти!

Објавено во: Стил 03 Ноември, 2014 18:38

Добивај вести на Viber

Оптималната практична должина на вашите нокти зависи од вашите активности и начинот на живот. Генерално, должината не треба да биде подолга од 1/3 од телото на ноктот. Тие помалку се кршат кога се сите со еднаква должина и форма. Постои едноставна вистина за здрави и долги нокти, начинот на кој се грижите за нив и начинот на исхрана. Можеби ќе треба да ја споменеме и генетиката. Секој од нас посакува да има јаки, цврсти и здрави нокти. Некои имаат природно јаки а некои пак имаат слаби и меки нокти кои лесно се кршат и лупат. Ако вашите нокти се меки и лесно кршливи тогаш се надевам дека ќе ви треба помош за да ги зацврстите и потхраните за да изгледаат убаво. Колку и да сте дотерани и нашминкани, ќе изгледате несредено доколку вашите нокти се изгризани и излупени. Ако не сакате да ставате надградби и вештачки нокти тогаш најдобро би било да се погрижите да бидат здрави. Ако не сакате да одите на маникир еве неколку совети како да имате убави нокти а со тоа и убаво да изгедаат вашите раце. 1. Не ги користете ноктите како алатка. Ноктите не се наменети за стругање или отварање конзерви со нокти. 2. Престанете со грицкање и чепкање на кутикулите. Најнапред, ако ги гицкате ноктите престанете! Не само зашто ги оштетувате ноктите, туку и го загрозувате вашето здравје. Замислете дел од се што ќе допрете со раце да биде во вашата уста. 3. Носете ракавици. Кога чистите или миете садови, правете го тоа со гумени ракавици. На тој начин ќе ги заштитите ноктите но и рацете. 4. Воздржете се од вештачките нокти. Најнапред оздравете ги и направете ги јаки вашите. Можете да ставите и вештачки нокти или пак наградба, но тоа ќе биде само привремено решение. За 1 ден не можете да направите чудо со вашите нокти, затоа треба трпение. Но штом еднаш ќе ги израснете, зајакнете и средите вашите нокти понатаму само ќе треба да ги одржувате.

 5. Користете отстранувач за лак без ацетон. 6. Улогата на исхраната. Вклучете ја и храната за забрзување на растот и за јакнење на ноктите. Кршливи и слаби нокти се резултат на витамин Д и калциум. Во исхраната консумирајте протеини цинк и омега 3 масни киселини или пак можете да пиете по 1 чаша млеко дневно или по 1 таблета калциум. Со малку труд еве како можете да го подобрите квалитетот на вашите нокти

  -Ставете ги рацете во сад со млака вода во која предходно ќе ставите 1 лажица сок од лимон. Држете ги рацете така 15-20 минути, а потоа измијте ги со ладна вода и благ сапун. Ладната вода ги зајакнува, а топлата ги омекнува ноктите.

 -Другата опција е да ги масирате ноктите и прстите десетина минути со маслиново масло, а потоа да ги протриете со лимон. Ова можете да го правите секој ден пред спиење. Турпијајте ги ноктите со квалитетна турпија и нежно заобиколете ги краевите. Турпијајте во една насока со нагорни движења. Турпијањето во различни насоки ги прави ноктите слаби и кршливи и така тие почнуваат да се лупат. Завршете со нежно заобиколување на врвовите на ноктите. Ако имате турпија за полирање можете да го направите и тоа. Исплакнете ги рацете со ладна вода за да го исчистите правот од ноктите, а потоа избришете ги со сува крпа. Намачкајте ги со крема и нежно измасирајте го некој нокот. Бидете трпеливи, на ноктот во просек му требаат 3-6 месеци да порасне. И на крај, ако не сакате да правите ниту една од овие работи, одете почесто на маникир. Факти

- Ноктите растат побрзо во лето отколку во зима - Ноктите на доминантната рака растат побрзо - Ноктите на мажите растат побрзо отколку кај жените, освен кога се бремени, тогаш кај нив е забрзан растот

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: