САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Србија одобри извоз за пченица-еве ги деталите
Објавено во: Балкан 08 Април, 2022 07:26
Владата на Србија вчера одобри извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка во Македонија, за договори склучени пред стапувањето во сила на времената забрана за извоз на основни земјоделски производи. Неколку пати се најавуваше дека Србија би можела да донесе ваква одлука и за Црна Гора, но во денешната одлука на Владата не се споменува таа земја.
Во соопштението се вели дека Владата донела Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои извезуваат во Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи.
„Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорените деловни аранжмани меѓу компаниите од Србија и регионот“, беше соопштено по седницата на српската влада.
Одлуката на Србија да го забрани извозот во Шанца е до 11 април.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




