Само за пет дена во Лезбос се регистрирани илјадници бегалци
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2015 10:02
Околу 22 500 мигранти се регистрирани од понеделникот вечерта до синоќа на грчкиот остров Лезбос, според податоците на локалната полиција.
Властите во Грција ги пренесуваат мигрантите во некое од големите пристаништа и потоа организирано со автобуси и возови ги транспортираат до Македонската граница. Само во последните 24 часа од Грција до Гевгелија пристигнале над 12 000 луѓе.
Легендарниот остров Лезбос, кој во принцип ги привлекува луѓето за туристички цели, има 86 илјади жители во нормалните времиња. Тој е само еден од многуте грчки острови во Егејското Море, кој го препавија мигранти кoи доаѓаа од соседна Турција, и кои веќе достигнуваат и во скандинавските земји.
Најбројни на патот кон Европа се сириските бегалци, Авганистанци и луѓе од други земји, избркани од тековните воени конфликти.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




