25 Ноември, 2024
0.0277

САМОТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19: Во аптеките се продаваат селф-тестови, граѓаните сами може да се тестираат, но МАЛМЕД бара да бидат повлечени

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Голем дел од европските земји најавија олабавување на мерките и отворање на културните институции, како и фризерски салони, козметички студија и слично. Но, граѓаните ќе може да ги посетуваат само под услов да имаат негативен тест за ковид. Од тие причини, владите на државите набавуваат брзи тестови, за домашна употреба, кои имаат клучна улога олабавување на карантинот. Во Австрија, на приемер, граѓаните сами се тестираат, додека во Германија, тоа треба да го направи медицинско лице. Таму, секој поединец има право на еден брз тест неделно, кој треба да закаже термин во некој од центрите за тестирање или пак во лекарска ординација.

Фактор разговараше со наши сограѓани кои подолг временски период живеат во Германија, и кои посочуваат дека државата по година дена од пандемијата на Ковид-19 прави големи напори да го олесни движењето, односно да овозможи функционирање на се што досега беше затворено и да овозможи постепено враќање на нормалниот живот.

-Во петок одлучивме да го посетиме Граси Музејот во Лајпциг. Конечно, по толку време ќе влеземе во културна институција која досега беше затворена, како и сите останати. Но, претходно, непосредно пред да влеземе во музејот, имаме закажано термин за тестирање за Ковид-19. Тоа е бесплатна услуга која ја нуди државата. Секој поединец има право еднаш неделно да направи ваков тест, за онаму каде што му е потребно. Не го правиме дома сами, туку ќе одием во центар за тестирање, за половина час ќе имаме резултат, вели студентката Ања Б за Фактор.

И во Австрија животот вака функционира, со тоа што учениците на пример, два пати неделно дома се тестираат. Во регионот, пак, Грција вчера најави дека од понеделник се отвораат средните училишта, а учениците и професорите ќе треба два пати неделно да прават тест за Ковид-19 за домашна употреба (селф тест), кои ќе ги набавуваат во аптеките.

Што се однесува до ваквите селф-тестови за ковид, во дел од скопските аптеки веќе се продаваат по цена од 560 денари. Фармацевтите велат дека има побарувачка.

-Обично ги купуваат оние кои се сигурни дека имале контакт со заразен со корона вирусот. Некои од нив имаат симптоми, па поради неможност да закажат термин за ПЦР-преку матичен лекар, доаѓаат и купуваат брз селф-тест. Ги советуваме доследно да го следат упатството, има четири едноставни чекори и секој кој ги почитува правилно, може да си го направи тестот. Ваквите тестови имаат голема точност, дури до 98 проценти, а резултатот е готов по 15-тина минути, велат за Фактор од една од скопските аптеки.

Но, според Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, продажбата на брзите тестови во аптеките не е дозволена, и како што ни изјави директорот Лирим Шабани, кажано им е да ги повлечат.

-Агенцијата за лекови јасно кажа ваквите тестови од аптеките да бидат повлечени. Има доволно брзи тестови и во болниците и во здравствените домови и граѓаните треба таму да ги прават. Ваквата слободна продажба може да биде меч со две острици. Граѓаните не се стручни сами да се тестираат, па многумина од нив може да бидат позитивни, но поради несоодветно правење на тестот, да добијат негативен резултат. Знаејќи дека се негативни продолжуваат да одат на работа, да се возат во јавен транспорт, такси, да влегуваат секаде и на тој начин се шири заразата. Значи, селф-тестовите кај нас не се дозволени, вели директорот Шабани.

Истовремено потенцира, дека се земаат предвид и се целосно валидни само резултатите тестовите кои граѓаните ги направиле во лиценцирани лаборатории, во здравствените домови и во болниците.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа