Добивај вести на Viber
Добрата вест е дека еден евентуален грчки банкрот, кој станува се по веројатен, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас провокативно ги отфрли последните предлози на доверителите на Грција како "апсурдни", веќе не претставува сериозна закана за остатокот од Европа. Лошата вест е дека Ципрас очигледно не го разбира тоа, пишува во анализа за Project Syndicate Анатоли Калецки, главниот економист во Gavekal Dragonomics - компанија за управување со средства со седиште во Хонг Конг.
Ципрас изгледа цврсто убеден дека Европа има потреба од Грција исто така, како што Грција - од Европа. Во тоа се состои вистинската "апсурдност" на тековните преговори, а погрешната проценка на грчкиот премиер за неговата можност за договарање сега се заканува да ја доведе до катастрофа земјата или понижување за СИРИЗА, или и до двете.
Најверојатно Ципрас ќе се откаже од своите барања и ќе ги прифати поставените од "тројката" кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) услови пред крајот на јуни. Ако тој не го стори тоа, ЕЦБ ќе стави крај на својата поддршка за грчкиот банкарски систем, а на владата ќе и завршат парите со кои треба да го изгаснат надворешниот долг, но, уште повеќе драматично, со кои треба да исплаќа плати и пензии на грчките граѓани. Отсечена од сите надворешни извори на финансирање, Грција ќе стане економски безстопанствено, нешто како "Аргентина на Европа", а СИРИЗА најверојатно ќе биде отстранета од власт поради јавниот притисок.
Ваквиот развој би бил уште трагичен6, бидејќи економската анализа, кој е во основата на инсистирањето на СИРИЗА за олеснување на програмата за штедење, како целина е правилна. Сепак, наместо да се стреми силно кон реално ублажување на условите и слабеење на програмата на Тројката, Ципрас изгуби шест месеци во симболични престрелки по економски несоодветни теми како трудовото законодавство, приватизацијата и дури именување на Тројката (која сега се нарекува "институциите").
Преку ова провокативно однесување Грција ги загуби потенцијалните сојузници во лицето на Франција и Италија. Дури и полошо: изгубеното поради политичкото самоизразување време беше погубно за примарниот буџетски суфицит, што беше адут на Ципрас во раната фаза на преговорите.
Сега Ципрас верува дека држи во рацете друг адут: стравот на Европа од грчки банкрот. Но, тука станува збор за одржување на илузијата на неговиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Како професор по теорија на игрите Варуфакис се пофали неодамна во New York Times, дека "ако падне, малата Грција може да се сопне целиот финансиски свет" и дека неговиот медиумски имиџ на "ирационален будала" работи за него, а ги плаши другите министрите за финансии од ЕУ .
Очигледно Варуфакис верува дека неговото "длабоко разбирање на теоријата на игрите" и обезбедува на Грција клучна предност во "сложената динамика на преговорите". Всушност сепак одиграната во Европа игра личи помалку на шах и повеќе на играта "морски шах", која обично завршува со реми, но во која еден непромислен потег значи сигурен пораз.
Поради едено значителен настан кој се одржа истата недела, во која беа и грчките избори, правилата на оваа игра сепак се многу едноставни, отколку што верува Варуфакис. На 22 јануари ЕЦБ зеде строги мерки со кои треба да се заштити еврозоната од евентуалниот грчки банкрот. Со прогласувањето на големата програма за купување на обезбедени обврзници, која е далеку поширока од квантитативните олеснувања во САД, Велика Британија и Јапонија, со оглед на обемот на пазарот на обврзници во еврозоната, претседателот на ЕЦБ Марио Драги изгради еден одамна неопходен непробоен ѕид за да се заштити монетарната унија од евентуален финансиски колапс во стилот на крахот на Lehman Brothers.
Новооткриената способност на ЕЦБ да печати неограничено пари за да поддржува банки и влади, во суштина го собираа ризикот од зараза од Грција до нула. Ова претставува длабока промена во европскиот финансиски свет кој грчките политичари и многу економски аналитичари сеуште не го разбираат.
Пред оваа одлука на ЕЦБ опасноста од зараза од Грција беше реална закана. Во случај на кредитно неисполнување од страна на Грција или на обид на владата да се откаже од еврото, грчките банки ќе се урнат, а оние Грци кои сеуште не ги ставиле парите надвор од земјата, ќе се соочуваат со губење на нивните заштеди, како што беше случај во 2013 година во Кипар. Вложувачите во други со тешкотии земји од еврозоната, како Португалија и Шпанија, стравувајки од слични загуби и ги пренесоа своите пари во банките во Германија или Австрија.
Следствено на тоа, цените на обврзниците во овие земји би се распаднале, каматата би се зголемила силно, а банките би биле загрозени од колапс. Ако опасноста од зараза беше зголемена, следната земја, најверојатно Португалија, немаше да биде во можност да го поддржи банкарскиот систем и да ги исаплатат долговите. Во најлош случај, следејќи ја Грција, земјата би се откажала од еврото.
Пред јануари таква серија на настани беше доста веројатна, но програмата за купување на обезбедени обврзници на ЕЦБ стави крај на процесот на зараза. Ако носителите на португалски обврзници во случај на грчки банкрот сега се предупредени за опасноста, ЕЦБ може само да почне да купува повеќе обврзници. Со оглед на неограничената куповна моќ, банката може да го стави во костец притисокот за продажба на секој пазар и во секој обем.
Ако вложувачите во португалските банки почнат да ги пренесуваат парите во Германија, ЕЦБ може да ги врати парите во Португалија преку меѓубанкарски трансфери. Можноста да се враќаат назад парите е неограничена, додека португалските банки останат платежно способни. А тие ќе бидат такви додека ЕЦБ продолжува да ги купува португалските обврзници.
Поинаку кажано - благодарение на програмата за купување на обезбедени обврзници ЕЦБ стана од пасивен, парализиран од застарени легалистични ограничувања на Договорот од Мастрихт набљудувач на еврокризата во вистински кредитор од последна инстанца. Слично на Федералните резерви на САД, Централната банка на Јапонија и Банката на Англија, сега ЕЦБ има можност да го монетаризира државниот долг и на тој начин е во состојба да се заштити еврозоната против финансиската зараза.
За жал на Грција сепак владата на Ципрас не го разбира тоа. Грчките политичари кои ја сметаат можноста за зараза за свој адут, треба да ја имаат во предвид временската рамка на појавување помеѓу грчките избори и програмата за купување на обезбедени обврзници на ЕЦБ и да направат очигледни заклучоци. Оваа нова стратегија на ЕЦБ има за цел да го брани еврото против последиците од излез од еврозоната или грчки банкрот.
Најновата грчка стратегија во преговорите предвидува барањето на "откуп за да се спречи во пракса од едно самоубиство. Таква уцена може да функционира при бомбаши самоубијци. Но Грција го држи пиштолот на сопственото слепоочие и Европа не треба да се грижи премногу за тоа дали Атина ќе го повлече чкрапалото ", заклучува Калецки.
Обработка: К.К.
Извор: Project Syndicate