САНАЦИЈА НА ШТЕТИ: Ќе се обештетат земјоделците чии површини ги поплави во тетовскиот регион
Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2017 08:21
Ќе се обештетуваат земјоделците чии овошни и градинарски насади и житни култури беа погодени од поплавите во тетовскиот регион пред три дена.
Оваа одлука вчера вечерта ја донесе Владата која одлучи со брза интервенција да им се помогне на засегнатите од последиците од временските неприлики.
Одлучено е брзо да се интервенира на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај Порој кој е нопходен и каде што има нанос од песок и земја од околу 70.000 метри кубни а Владата препорача во расчистување на наносот да помогне и АРМ бидејќи патот е фрекфентен и потребен им е на жителите од овој регион
МЗШВ пак ќе започне со постапка на прибирање барања од земјоделците за надомест на штети, по што надлежни комисии ќе излезат на терен за увид на штетите и висината на средствата потребна за нивно обештетување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





