19 Декември, 2025
0.0548

Сарачини најави нова индустриска зона во Арачиново

Објавено во: Економија 04 Мај, 2013 18:26

Добивај вести на Viber

Во Арачиново наскоро ќе почне да фукнционира нова индустриска зона со даночни олеснувања за домашните компании , најави министерот за економија Ваљон Сарачини по денешната средба со градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

- Арачиново, има многу добри услови за развој на земјоделството, а воедно претставува и идеално место за инвестиции. Се договоривме со градоначалникот наскоро да покренеме иницијатива за формирање на бизнис центри во соработка пред се со министерствата за економија, за транспорт и врски, за локална самоуправа и за земјоделство шумарство и водостопанство, изјави Сарачини.

Тој посочи дека тимови на министерствата ќе треба да ги идентификуваат проблемите со кои се соочува општината во својот економски развој и да понудат соодветни решенија согласно мерките кои ги спроведува Владата за поддршка на локалниот развој на општините и поддршка на бизнисот.

- На 15 мај ќе биде отворен првиот бизнис центар на кој ќе се разговара за проблемите на општината и за мерките кои ги нуди Владата за поддршка на бизнисот,  рече Сарачини.

Се очекува за една година да профункцинира новата индустриска зона.

Градоначалникот Ајвази истакна дека најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општината се канализацијата, водоснабдувањето, инфарструктурата и потрошувачката на електричната енергија.

По средбата министерот и градоначалникот ја посетија компанијата Аспи која се занимава со производство на овошни сокови.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра