Добивај вести на Viber
Министерот за економија, Ваљон Сарачини, кој денеска е во работна посета на Република Косово, изрази задоволсто од степенот на развивање на економската соработка меѓу двете земји. Тој се сретна со министрите за инфраструктура, економски развој и за финансии на Косово, Фехми Мујота, Фадил Исмајли и Бесим Бечај.
- Разговаравме за доста битни и значајни проекти за економскиот развој на двете држави и се надевам дека соработката која денес ја имаме на економски план ќе продолжи натаму и ќе се интензивира. Со Косово имаме многу заеднички работи кои треба да ги завршиме согласно препораките на ЕК и ЕЕЗ. Се договоривме заедно да аплицираме со заеднички проекти до меѓународните фондови за да можат нашите компании успешно да аплицираат и да ги завршат преговорите - изјави Сарачини.
Тој истакна дека од косовскиот министер за инфраструктура Мујота бил информиран дека кон крајот на годината ќе почне изградбата на автопатот од Приштина до Блаце, кој ќе биде завршен за 42 месеци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.