05 Декември, 2025
0.0370

Сараќини: 15 мерки за помош на малите бизниси и 50% повеќе пари од лани

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2013 19:45

Добивај вести на Viber

Со 13,37 милиони денари (околу 217 илјади евра) Владата ке ги поддржува малите бизниси, соопшти министерот за економија Ваљон Сараќини кој денеска ја промовираше новата Програма за мали и средни претпријатија за 2013 година. „За 2013 година се обезбеди вкупно 13,37 милиони денари за поддршка на овие фирми, што е за 50 проценти повеќе од лани“, истакна Министерот. Согласно програмата се инкорпорирани три потпрограми, и тоа за конкурентност, за иновации и за претприемништво, а се воведени и 15 нови мерки кои треба да влијаат на конкурентноста на претпријатијата. Овде се вбројуваат финансиска подршка на бизнис инкубаторите и подршка на  бизнис центрите, финансиска поддршка на проекти за промоција на занаетчиството, за надоместување на дел од трошоците за деловните субјекти за воведување на ИСО стандарди и за воведување на ХАСАП систем, како и финансиска подршка за компаниите кои што планираат да воведат ХАЛАЛ систем. Дел од парите ќе се тошат и за организирање на бизнис натпревар за студентите, најави Сараќини. Финансиска поддршка во 2013 година е обезбедена и за женското претприемништво и за автентичните занаети, а ќе се надоместат дел од трошоците на деловните субјекти за развој на нов производ или за подобрување на постојниот производ, за воведување на еколошка ознака за производ, за развој на пазарот, за поддршка на патенти, како и на проекти од кластерските здруженија. За сите овие 15 мерки постојат различни критериуми за аплицирање и доделување на средствата, а сите тие ќе може да  се најдат на веб страната на Министерството за економија стартувајќи од 14 јануари.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?