26 Ноември, 2024
0.6354

Сараќини од САД: За подобра економија ни треба влез во НАТО

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Присуството на молитвениот појадок и посетата на македонските владини претставници на САД е одлична шанса за претставување на државата, особено во контекст на нејзино интегрирање во ЕУ и НАТО, но и со цел привлекување на нови инвеститори и зајакната економска соработка, оценува Министерот за економија, Ваљон Сараќини. „Имав можност да се сретнам со повеќе конгресмени, колеги министри, но и моќни бизнисмени од повеќе земји, меѓу кои и поранешниот Премиер на Норвешка, а голем пријател на Република Македонија, Кјел Магне Бондевик. Ваквите средби се значајни во секој поглед за Македонија, како за зацврстување на постојните сојузништва, така и  за создавање на нови“, истакна Сараќини. За мошне корисна Сараќини ја смета и средбата со Претседателот на Националниот албански американски совет (НААЦ) Авни Мустафај, поради како што вели, континуираната  поддршка која оваа организација на Албанците во САД ја дава за реализирање на македонските стратегиски цели, пред се членството во НАТО и во Европската Унија. „Националниот албанско-американски совет постои веќе 17 години, има околу 400 членови од вкупно 150 илјади припадници на албанската дијаспора и претставува најголемата организација на Албанците во САД. Нејзиното влијание е огромно, со оглед на фактот што има одлични односи со многу моќни личности во Конгресот, во Сенатот, и воопшто во американската политичка елита. Таа е во постојана координација со Обединетата македонска дијаспора. Нивното влијание треба да го цениме и да го ползуваме, особено во контекст на олеснување на патот на Република Македонија кон НАТО, а со тоа и посигурно позиционирање на државата во светот на економските и инвестициските текови“, истакна Министерот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво