19 Декември, 2025
0.0535

Сараќини се сретна со Холар- ММФ задоволни од фискалната и монетарна политика

Објавено во: Економија 10 Април, 2013 12:59

Добивај вести на Viber

Мисијата на Мeѓународниот монетарен фонд, која престојува во земјава од минатата недела, изразува задоволство од спроведената фискална и монетарна политика, како и мерките преземени во насока на поддршка на македонското стопанство во услови на криза. Ова, како што соопшти Министерството за економија, е истакнато на средбата на шефот на Мисијата на ММФ Ивана Влаткова Холар и министерот Ваљон Сараќини кој ја претстави пред монетарците економската состојба во земјава и нејзината условеност од случувањата во ЕУ. Претставниците на ММФ ја истакнаа потребата од одржување на макроекономска стабилност, одржување на стапката на инфлација во проектираната рамка и понатамошно намалување на стапката на невработеност. - Иако 2013 година ќе биде исполнета со бројни закани и ризици, клучни фактори за оптимизам се одржување добро ниво на залихите на репроматеријали со тенденција за растење, стабилно снабдување со електрична енергија, очекувана зголемена побарувачка на готови производи на домашниот и странскиот пазар, постепено закрепнување на глобалната економија и владините заложби за привлекување на странски директни инвестиции и промоција на македонските производи, истакна Сараќини. Министерот за економија стави акцент на кредитите достапни за малите и средните претпријатија со субвенционирана камата, реформите за создавање поволна бизнис клима и привлекување инвестиции, меѓу кои и измените на Законот за минерални суровини, кои придонесоа за скратување и поедноставување на постапките за добивање концесија, со што се овозможи влез на странски инвестиции во рударскиот сектор. Во делот на енергетиката, министерот Сараќини ги претстави капиталните енергетски проекти во рамки на Стратегијата за енергетика, повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како и претстојната либерализација на пазарот која за 140 компании ќе стартува на 1 јули годинава, со што ќе се стекнат со стаус на повластен производител. -Во туризмот бележиме пораст, а според склучените договори со турооператорите, благодарение на владините субвенции, Македонија ќе ја посетат минимум 80.000 туристи само од Европа, рече Сараќини, Тој ги најави и новите структурни реформи кои ќе ги донесе Законот за стечај, согласно кој, пред да се отвори стечајна постапка, доколку се увиди дека финансиската состојба на една фирма води кон стечај, менаџерот е неопходно да достави план за реорганизација на фирмата. Со ова законско решение ќе се овозможи заживување на компаниите со проблеми и намалување на бројот на стечајни постапки. „Биди перспективен – започни свој бизнис“ и „Конкурентност МК“ се проекти кои наидоа на задоволство во делот на поддршка на бизнис заедницата и поддршка на развојот на малите и средните претпријатија. Претставниците на Мисијата на ММФ покажаа интерес во однос на можностите за инвестирање и третманот пред институциите на големите компании, од една страна и малите и средни претпријатија, од друга, на што Сараќини информираше дека Владата на Република Македонија одржува редовни средби поединечно со сите три комори во државата, а неколку пати годишно и заеднички средби со членките на коморите, од каде произлегуваат бројни предлози за мерки и активности кои го наоѓаат своето место во активните програми и политики на институциите.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра