Сараќини очекува економски раст од малите хидроцентрали во Теарце
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2013 18:32
Министерот за економија Ваљон Сараќини изврши увид на изградбата на четирите мали хидроцентрали, што ги гради компанијата „СОЛ ХИДРОПАУЕР“ ДООЕЛ Скопје.
Министерството за економија со оваа компанија потпиша четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се реализираат градежните активности.
- Овој концесионер во општина Теарце ќе изгради вкупно 3 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 7,5 mw, при што очекуваното годишно производство е проценето на околу 28 gwh,, а големината на инвестицијата би изнесувала околу 15 милиони евра, информираше Сараќини, додавајќи дека согласно обврските од договорите за концесија, концесионерот ќе уплаќа годишен надоместок за концесија во висина од 2 проценти од остварениот приход од продадената електрична енергија, почнувајќи од 2016 година, 50 проценти од овие 2 отсто ќе одат во буџетот на општина Теарце.
Министерството за економија во насока на локалниот и регионалниот развој потпиша и четири Договори за концесија за вода за изградба на четири мали хидроцентрали на река Одранска, со компаниите „СУПЕР НОУВА ЕНЕРГИ“ ДООЕЛ Тетово и ЕМК Мали хидроелектрани ДООЕЛ Скопје, со вкупен инсталиран капацитет од 3,4 mw, очекувано годишно производство од околу 14 gwh и висина на инвестиција 7 милиони евра.
- Во општината Теарце со изградбата на овие 7 мали хидроелектрични централи ќе се инвестираат над 22 милиони евра и тоа во наредните 2 – 3 години. Градежните активности во кои спаѓа околу 70 проценти од инвестицијата се реализираат од домашните локални компании со што ќе заживее локалната економија, додека пак во текот на изградба на сите 7 мали хидроцентрали ќе се ангажираат околу 200 луѓе, истакна министерот за економија.
Сараќини информира дека од вкупниот број на потпишани Договори за концесија, во моментот изградени се вкупно 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 mw за кои до сега се инвестирани над 20 милиони евра.
Во моментот, во изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 mw и очекувана инвестиција од 27 милиони евра, од кои половината од овие се очекува да бидат завршени до крајот на 2013 година, а останатите на почетокот на 2014 година.
Хисен Хасани, градоначалникот на општина Теарце, истакна дека ова е многу значаен момент за општината во поглед на економскиот развој и оти првпат почнато е да се инвестира во проекти кои вредат над 22 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





