19 Декември, 2025
0.0733

Сараќини се сретна со кинески бизнисмени

Објавено во: Економија 07 Мај, 2013 16:30

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска се сретна со делегација од кинеската компанија  China Construction Firs Group Corporation, предводена од генералниот менаџер Шхи Куинг.

Целта на посетата на делегацијата од Кина во Македонија е непосредно да се запознае со деловните и инвестициските услови во земјава.

Министерот Сараќини ги презентираше потенцијалите и карактеристиките на Република Македонија во делот на бизнис-климата, позитивната даночна политика, како и поволните услови и можности што државата им ги дава на странските инвеститори. Зборуваше и за поедноставувањето на регулативата со Регулаторната гилотина, подобрувањето на инфраструктурата и модернизацијата на образовниот систем. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во проекти од областа на инфраструктурата, преку доделување  концесија за изградба на патишта, железници, изградба на хидроцентрали и други енергетски објекти.

Кинеската делегација покажа интерес за инвестирање во проекти од областа на патната, железничката и енергетската инфраструктурата.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра