28 Ноември, 2024
0.0273

Сараќини уверува, македонските камионџии нема да плаќаат за влез во Косово

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини најави дека и во иднина за влез на македонските камиони во Косово, нема да се плаќа таксата од 100 евра која со времениот договор кој важи до 27-ми јуни е одложена. Министерот уверува дека до среда ќе биде постигнат и конечен договор за укинување на таксата која Косово минатат седмица за сите камиони од регионот, со исклучок на тие од Албанија. „Главниот проблем е во Договорот за регулирање на патниот сообраќај, поточно членот 6 со кој се регулира делот на транспорт во трети земји. Има постојана комуникација меѓу двајцата министри за транспрот и врски. Очекувам тие до среда да го регулираат ова прашање и нашите превозници во Косово да нема да имаат потреба да плаќаат такса од 100 евра со што ќе се задржат добрите економски односи меѓу двети земји“, изјави Сараќини кој додаде дека сега најбитно е да се дојде до решение. За вицепремиерот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила, одредбата за воведување такса на камионите кои влегуваат на нивна територија е донесена за заштита на косовските интереси. „Од пред две години од косовска страна иницирано е потпишување на договор за соработка во областа на транспортот меѓу двете земји. Не знаеме зошто има двоумење и се уште не се потпишува од македонска страна. Се надеваме дека ќе се надминат проблемите со оваа такса со договорот кој треба да се потпише до среда“, изјави вицепремиерот на Косово. Косовската влада новата такса ја воведе за камионите кои превезуваат стока од Србија, Македонија и Црна Гора и Косово, а како мерка на раципроцитет поради истите такси кои овие земји ги имаат за превозниците од Косово. Како што веќе објави Фактор, денеска Македонија и Косово потпишаа и договор за соработка на земјите во областа на туризмот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“