Саудиска Арабија ја намалува цената на нафтата за Европа, ја крева за САД
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2016 12:18
Државната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) ја намалува цената на нафтата за Европа, но ја крева за САД, пишува „The Wall Street Journal“ повикувајќи се на соопштение на компанијата.
Цените ќе бидат намалени за 35 центи на барел за северозападниот регион на Европа и со 10 центи за медитеранскиот. Со 10 центи се покачува цената на барел за САД. Станува збор за испораките за месец јули.
Според изданието намалувањето на цената е поврзано со обновувањето на испораките на нафта за Европа од Иран. Во моментов, обемот на извозот на нафта од Саудиска Арабија е 800 илјади барели дневно, од Иран - 400 илјади, но земјата планира да го зголеми до 700 илјади во следните месеци.
На 2 јуни во Виена се одржа уште еден состанок на министрите за нафта и енергетика на земјите извознички на нафта. Таму беше разгледано прашањето за „замрзнување“ на производството на суровината. Учесниците не дојдо до единствено решение. Следниот самит на ОПЕК е планиран за 30 ноември во Виена.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




