СДСМ ДЕНЕС ПРЕД ОДЛУКА: Ќе се бираат пратеници за шестте изборни единици
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016
На денешниот партиски конгрес најголемиот ривал на власта, опозициската партија ќе ги бира пратениците за кои ќе се гласа во шестте изборни единици.
Засега неофицијални информации кружат во медиумите според кои заменик претседателката Радмила Шекеринска ќе биде носител во првата изборна единица, генералниот секретар и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски носител во двојката, актуелниот дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски носител во третата изборна единица, лидерот на партијата, Зоран Заев, носител во четвртата изборна единица, портпаролот Петре Шилегов во петката, а претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во шестата изборна единица.
Дел од листите ќе бидат и интелектуалци, независни граѓани а место ќе има и за Шарената револуција.
Конгресот е најавен за во 14 часот.