09 Октомври, 2024
0.0276

СДСМ до Груевски: Во затвор ќе имаш време за смајлиња и срценца

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По последниот во низа статус на Гејсбук од страна на пооранешниот премиер Никола Груевски исполнет со емотикони, СДСМ му порача да се врати во Македонија и „дека во затвор ќе има време за смајлиња и срценца“

„Криминалецот во бегство, Никола Груевски во негов, препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура, далеку од своите сограѓани.Дојди Груевски и соочи се со гневот на граѓаните.Македонците и сите заедници од земјава расчистија со темните улици на Груевски, сега одиме напред по светли патишта. Таа светлина Груевски не може да ја почувствува скриен од својот народ. Таа светлина е светлина на напредокот. Светлина на економски раст од 4.1 отсто, раст на платите и пензиите, намалување на невработеноста на историски најниски 17,8 отсто, на рекорден раст на странските инвестиции.

Од друга страна е темнината на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, темнина на криминал, корупција, отворени судски предмети за тешки кривични дела и правосилни затворски пресуди за неправдите и криминалите што ги правеа врз својот народ цели 11 години.Во затворот кој го чека, Груевски ќе се соочи со казната за тоа што го газеше народот.Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца“, гласи реакцијата на владеачката партија.

Груевски, кој во моментов е пребеган азилант во Унгарија, денеска по подолга пауза го напиша својот прв статус на Фејсбук откако започна истрагата за случајот „Рекет“. Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ напиша дека секојдневно во Македонија се случуваат нови скандали и афери.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл