29 Септември, 2024
0.0294

СДСМ: Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е политичка блокада

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ реагира на активирањето на ВМРО-ДПМНЕ во амандманската расправа за Законот за јазици и велат дека опозицијаа сега продолжува со политиките на деструкција и блокади, коишто предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството. Според владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес.

„Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да блокира еден закон, е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека со таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ е против европските вредности и против концептот на едно општество и уште еднаш докажува дека не се грижи за интересите и потребите на граѓаните, туку дека води ситни, провидни политикантски игри.

„Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Амандманот 5 и истиот не фаворизира и не дискриминира ниту еден јазик, туку ја унапредува употребата на јазиците на сите немнозински заедници што живеат во Македонија. Законот не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во меѓународните односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторно порачаа дека Законот е во спротивност на Уставот и Рамковниот договор.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“