СДСМ ги „пегла“ пратеничките листи: Кои имиња ја разбрануваа јавноста?
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016
Опозицијата во моментов го одржува партискиот конгрес а јавноста веќе ги дозна и имињата на носителите во изборните листи.
Меѓу непартиските имињата кој најверојатно ќе добијат место на листите се Павле Богоевски од Шарената Револуција, Ивана Туфегџиќ од Студентски Пленум, актерката Синоличка Трпкова, универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, ексамбасадорот Никола Димитров.
Кандидатските листи за пратеници во шестте изборни единици велат дека носител во првата единица ќе биде Стево Пендаровски во втората Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски, во четвртата Зоран Заев, во петтата Радмила Шеќеринска, во шестата Петре Шилегов.
Заев од Конгресот порача дека овие пратенички места отвораат место за сите. Дека е тешко да се донесат но сепак ги нарече победнички.
Опозицискиот лидер рече дека целта им е да создадат блескав парламент во кој народот ќе има власт, а во кој ќе има место за сите.
Јавноста се јави со реакции
Најмногу револт очигледно предизвика името на Ферид Мухиќ .
Новинарите први со образложенија.
Борјан Јовановски и Јадранка Костова со коментар искажуваат несогласност за одредени имња.