19 Декември, 2025
0.0732

СДСМ: Граѓаните плаќаат струја која е поскапа од онаа на слободниот пазар

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016 14:56

Добивај вести на Viber

Опозицијата обвинува дека граѓаните на Македонија плаќаат електрична енергија која е поскапа во време кога е падната цената на електричната енергија на слободниот пазар.

Од партијата на Заев денеска ја запрашаа Регулаторната комисија за енергетика зошто се уште не е намалена цената на струјата, образложувајќи дека на регионалните берзи цената на струјата е 30 евра за мегават час, а Регулаторна дозволи граѓаните на Македонија ја плаќаат за 52 евра по мегават час – или во просек по 2 милиона евра повеќе, месечно.

Пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ со обвинување до комисијата дека „работи во  служба на власта на ВМРО-ДПМНЕи големите компании, не на граѓаните, што е нејзина обврска“.

 „Од 2006 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за дури 100 проценти. Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово е соучесник во грабежот што го прави на власта на Груевски врз граѓаните преку плафонските сметки за струја. Порачуваме дека ќе има одговорност за сите оние кои на каков било начин учествувале во злодела врз граѓаните“, рече Ковачевски.

Тој на прес конференцијата рече дека СДСМ во својата Програма се обврзува дека ќе ја врати ефтината тарифа на струјата и ќе вложи во домашните капацитети, додека Регулаторната комисија ќе биде независно тело кое ќе ги штити исклучиво интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?