22 Мај, 2024
0.0316

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија „пазарот“ на ДУИ

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024

Добивај вести на Viber

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќаат понудата на ДУИ да му ги даде гласовите на оној претседателски кандидат во вториот круг од изборите во замена на тоа шефот на државата да се избира во Собранието по Бадентеров принцип.

– Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, рече вчера вицепремиерот за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем Артан Груби.

И СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ недвосмислено го отфрлија условот на ДУИ за претседателска поддршка, односно застанување зад претседателскиот кандидат во претстојниот втор круг. Условот со кој се бараше следниот избор на претседател да се одржи во Собранието, а не од граѓаните, беше брзо отфрлен од двете партии.

Од штабот на Пендаровски утринава се огласија и со соопштение, во кое го повторија ставот и целосно го отфрлија условот на ДУИ.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осуди она што тие го сметаат за „уцена“ на Артан Груби, истакната личност во ДУИ. 






Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази