19 Јануари, 2025
0.0259

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „фатија за гуша“ поради гасоводната мрежа

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Власта и опозицијата повторно ги вкрстија копјата. Овој пат партиите се скараа поради гасификацијата .

Се почна откако СДСМ во програмата со која ќе „купува“ гласачи место и отстапи токму на гасификационата мрежа.

Заев вчера соопшти дека доколку неговата партија го преземе водството на новата Влада ќе се заложи за гасификација на 32 града во Македонија.

Опозицијата го предлага моделот применет во Струмица, каде веќе функционира секундарен гасоводен систем до објектите од јавен карактер, фабриките и домаќинствата. Заев нагласи дека гасификацијата на училиштата во Струмица заштедила и до 60% од сметките за топлинска енергија. Тој објасни дека со гасификацијата на домаќинствата во градските средини ќе се намали цената на затоплувањето на граѓаните за 20 до 30%, а бенефит ќе има и индустрискиот сектор.

Токму на ова реагираше власта откаде што велат дека Заев го лаже и потценува народот.

Ниту Струмица ниту Куманово не се поврзани на никаква гасоводна мрежа, туку енергенсот се носи со цистерни. Тоа е исто како да се фалиш дека си направил водовод во некое населено место, а водата ја носиш со цистерни до домаќинствата.

Поради ова гасот и приклучокот во Струмица и Куманово се најскапи во светот, поскапи дури и од струјата, а компанијата која сто панисува со процесот работи со огромни загуби и во Струмица и во Куманово“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак со контра реакција

Партијата на Заев децидно тврди дека Струмица и Куманово се единствените два гасифицирани града во Македонија.

Од партијата додаваат дека тоа за што Гуевски не беше способен да го направи со гасификацијата, во Струмица и Куманово е веќе реалност неколку години. Граѓаните, општинските институции и фирми ги користат бенефициите од евтиниот енергенс и имаат заштеди. На гас се греат училиштата во Струмица со огромни заштеди од по 60%. Заштеди имаат и фирмите кои поради тоа се и поконкурнетни на пазарот. Сето ова го немаат другите училишта, институции и фирми во Македонија поради тендер политиките на власта на Груевски којашто ја интересираат замо провизии од незавршените делници.

За десет години додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт, ниту една куќа во главниот град не е гасифицирана.

Контра реакција и од ВМРО-ДПМНЕ на контра реакцијата на СДСМ

Владеачката партија се вади на фактот дека активно се работи на  изградба на гасоводна мрежа

Од партијата на Никола Груесвки посочуваат дека минатиот месец започнала изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри, која треба да заврши следната година и за која се инвестираат околу 16 милиони евра. 

Паралелно со изградбата на оваа делница во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино - Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.

И така додека партиите си играат реакција и контра реакција, па контра реакција на контра реакцијата, граѓаните ја плаќаат цената за се!

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем