СДСМ ја укина наградата за денот на „ВМРО“
Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2017 07:00
Новата Влада нема повеќе да ја доделува наградата 23 октомври или популарно наречен Денот на ВМРО. Новиот државен празник беше воведен од претходното владино раковдство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се одбележи формирањето на Македонската револуционерна организација, како и вековната борба на македонскиот народ за своја држава, посебност, јазик и култура, но наместо да создадат ден за обединување добија критики дека воспоставиле партиски празник.
- Министерството за култура на седницата на владата достави информација на усвојување со која предложи оваа година да не биде доделена наградата „23 октомври“. Владата го усвои предлогот врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година и дека претходната влада не покренала постапка за формирање нова. Заради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување на кандидати за оваа награда, соопштуваат од Владата по одржувањето на вчерашната седница.
Ваквото објаснување можеби служи како совршен изговор на СДСМ повеќе да не доделува државни награди на луѓе од различни области како во минатите години, но и не направи ништо за да не дојде до откажување на наградата 23 октомври.Постапката можеби е оправдана и законска но, не води кон помирување меѓу двата најголеми политички субјекти, покажува знак на реваншизам и терање инает. Денот на ВМРО треба да ги обедини сите македонски граѓани бидејќи таа борба не смее да и се препише само на една партија која се обидуваше да создаде монопол како од името на организацијата, така и на нејзините идеали.
Дури и ако изминатите години наградата 23 октомври одеше во раце на личности блиски до партијата ВМРО-ДПМНЕ тоа можеше да биде сменето годинава со избор на нови заслужни граѓани.
Од друга страна пак, СДСМ испушти шанса да покаже дека е над меѓупартиските проблеми и да покаже државнички манири.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





