СДСМ: Министерството за финансии не одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2016 19:08
Од СДСМ велат дека Министерството за финансии на чело со новиот министер, Кирил Миноски и со согласност од гувернерот, Димитар Богов го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните.
„Резултат на молкот на новиот министер Миноски, гувернерот Богов, заминатиот министер Ставрески, шефот на задолжувањето Груевски, според информациите што ги имаме е резервираност на банките на денешната аукција на државни хартии од вредност. Тоа значи дека Министерството за финансии ги задолжи граѓаните, но помалку од што сакаше власта, бидејки на аукцијата немало доволен одѕив од банките. Граѓаните и банките почнаа да ги препознаваат матните политики на власта на Груевски и соработниците. Пет дена од власта на Груевски кријат со чиј потпис е нарачано новото задолжување, со оглед дека проспектите за аукцијата беа објавени кога Ставрески веќе имаше депонирано оставка, а неговиот наследник се уште не беше избран од Собранието“- реагираат од СДСМ.
Тие сметаат дека незаконските задолжувања не смеат да бидат признаени како законски јавен долг на товар на граѓаните.
Владата денеска се задолжи за 9.28 милиони евра од домашни кредитори.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




