СДСМ нема кандидат во Чаир, ДУИ нема за Скопје
Објавено во: Анализа 15 Септември, 2017 08:05
Барем засега двата коалициони партнери СДСМ и ДУИ немаат намера да се судрат во општина Чаир. ДУИ веќе го официјализираше Висар Ганиу кој по долги години ќе добие шанса за локална власт на местото на Изет Меџити.
СДСМ пак, засега за Чаир нема соопштено име за кандидат што значи дека постои голема можност да му дадат поддршка на Ганиу, но се уште не е официјално дали тоа ќе го сторат преку формална коалиција со ДУИ или пак, ќе дадат неформална поддршка.
Гласачкото тело на СДСМ во Чаир кај албанското население драстично порасна на последните парламентарни избори и одењето со свој кандидат може да им ги расипе сметките на ДУИ, па со цел да се сочува владината коалиција таков потег со свој кандидат не се очекува.
Претходно се шпекулираше дека постои можност Мухамед Зекири од СДСМ да се кандидира во Чаир, но таквиот потег би бил опасен за меѓусебната коалиција на централно ниво која сега е многу важно да се одржи што е можно подолго за да се донесат ветените реформи.
ДУИ засега нема кандидат за град Скопје. Тоа секако алудира на индиректна поддршка за СДСМ но, мора да се направи и чекор повеќе со цел нивните гласачи да се мотивираат да излезат на изборите на 15 октомври и да не го дадат својот глас за некоја друга албанска партија. Таквите комбинаторите би биле возможни и со заедничка листа на советници меѓу СДСМ и ДУИ за град Скопје или целосна коалиција со поддршка за Петре Шилегов кој на тој начин би имал зголемени шанси да го победи Коце Трајановски.
ДУИ во скопските општини каде нема мнозинство ќе настапи со заеднички советнички листи со партии од албанскиот блок, но секако Чаир им е клучната општина во која власта е и најслатка бидејќи може да се проектира моќ на локално ниво и да се одбијат „нападите“ на БЕСА како нов силен ривал.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





