16 Јануари, 2025
0.0291

СДСМ прашува каде е пругата во Битола, МТВ вели каде ви се кредитите

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

СДСМ и Министерството за транспорт и врски денес одиграа пинг-понг партија со соопштенија и контра обвинувања за состојбата на железничката инфраструктура. 

СДСМ прашува каде пругата кон Грција која се гради долго време од Битола, а се уште не е довршена, па и работниците кои се дел од поизведувачките фирми штрајкуваат бидејќи не им се префлени пари.

„Проектот за пругата Битола – Кременица во должина од 17 километри чини 20 милиони евра, а средства се обезбедени од ЕУ фондовите. Иако проектот требаше да биде готов до јули 2016 година, тој денес е со реализација од само 30 проценти. На трети септември работите се целосно прекинати поради штрајк на подизведувачите на кои не им се исплатени средтсва во висина од еден милион евра. Оваа пруга е исклучително важна  за Пелагонискиот регион, но и да биде алтернативен излез на југ од државата, бидејќи излезот од Гевгелија е често блокиран, а Македонија трпи огромни финансиски загуби. Неодговорно е токму министерството за транспорт и врски да се прави ненадлежно за реализацијата на овој проект. Кој ќе ги сноси последиците за ненавременото пуштање на оваа пруга и за финансиските загуби на државата и на бизнис секторот“, праша Благој Бочварски од СДСМ на денешниот прес.

Од министерството за транспорт и врски возвратија со прашањето каде се кредитите кои СДСМ ги добиле додека биле на власт, а не инвестирале ништо во железницата. 

„Очигледно е дека за СДСМ партиските интереси се ставени пред интересите на граѓаните на Република Македонија и државата и тоа се докажа во многу ситуации. Бидејќи од СДСМ јавно прашуваат, јавно ќе им одговориме дека сите обврски кон фирмата избрана за изградба на пругата кон Грција се навремено подмирени“ сооштија од МТВ.


Можеби ќе ве интересира

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина