СДСМ реагира: Коневски шири лаги за Заев и го прекршува Изборниот законик
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016 22:00
Опозициската СДСМ реагира на денешната прес-конференција на претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски и наведува дека ВМРО-ДПМНЕ „шири лаги за СДСМ и за претседателот на партијата Зоран Заев, како и дека го прекршила Изборниот законик“.
- Денешната официјална прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ претставува изборно медиумско претставување, поради изнесените ставови на политичката партија од страна на гласноговорникот Ивица Коневски. Според членот 69-а од Изборниот законик, за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани, организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, се вели во реакцијата.
Според СДСМ, Државната изборна комисија и ад-хок комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да реагираат и да ги санкционираат, како што посочува, ваквите прекршувања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




