18 Јануари, 2025
0.0294

СДСМ: Спасов ја лаже јавноста со евтини финти!

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

„Диме Спасов е огромен срам и невидено безобразие што и се случува на Македонија. По скандалот што го направи, четири дена го немаше никаде, а денеска се појави на скандалозно интервју на кое покажа се што научил од шефовите Никола Груевски и Сашо Мијалков“, реагираше опозицијата на интервјуто на Спасов во кое ја раскажа својата страна на приказната.

Во соопштението на СДСМ велат дека освен приказните за мали деца дека бил бркан, уплашен и наместен, од штабот не успеале да смислат одговор на ниту едно од клучните прашања:

1. Што правел Диме Спасов во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување?

2. Дали бил во алкохолизирана состојба?

3. Зошто се обиде да излаже дека не возел?

4. Зошто го испрати својот шофер да лаже дека тој, а не Диме Спасов го возел возилото?

5. Дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму?

6. Зошто се криеше од јавноста и зошто не оди на работа?

„Наместо да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, Спасов, без тронка срам, реши најбезобразно да ја лаже целата јавност со евтини „финти“ и филмови.

Откако истата вечер после лумпувањето Спасов реагираше на информациите на медиумите и единствен проблем му беше дека не направил тешка туку лесна сообраќајка, од ВМРО-ДПМНЕ конечно го довршиле сценариото за акциониот филм во кој Спасов од непресметлив бегалец стана жртва на светски заговор против неговата наводна чест и углед.

Наместо да одговара прекршочно и да плати казна за сударите, Спасов реши да бега од полицијата и да мести друг лажно да сведочи дека возел, а сега и лажно пријавува филмови кои не се случиле, и си навлекува кривична одговорност.

Но, Спасов не е ништо повеќе туку само само обична слика на неговите надредени. 

Граѓаните слушнаа како обвинетиот Груевски и даваше инструкции на осомничената Јанкулоска како да го сокријат убиството на Мартин Нешковски на партиската прослава и да ја лажат јавноста, па Спасов мисли дека и тој може да се извлече за својот лумперај“, стои во дописот на СДСМ до медиумите.

Оттаму порачуваат дека се извинил или не, поднел оставка или не, Спасов ќе одговара за тоа што го направил.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем