СДСМ: Вело Марковски да не се расфрла со теории на заговор
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020
СДСМ во денешното соопштение го повика епидемиологот Вело Марковски, кој пред еден месец беше назначен за нов член на извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ., како што велат од таму, „да не се расфрла со теории на заговор“.
Марковски во своето последно телевизиско гостување рече дека носењето на заштитни маски на отворено не е добра опција и дека со тоа се спречува исфрлањето на микроорганизмите на нашето тело. Тој неодамна, исто така, укажа дека носењето на маски на здрав човек е штетно.
– Исфрламе милијарда микроорганизми со кивање. Сега ние одеднаш правиме нова состојба. Не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме. Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Имаме проблем со децата. Ајде кога возрасен не може да диши, ќе ја трне маската, ама детето не може, и тука настанува проблем. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам, рече Марковски.
Владеачката партија во денешната реакција му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека на овој начин го загрозува јавното здравје на граѓаните во ситуација кога секојдневно има високи бројки на позитивни од вирусот Ковид-19.
„Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневно-политички агенди и кога глумат загриженост за здравјето.
Како и за се, така и за опасниот вирус, Христијан Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба.
За Мицкоски вирусот беше опасен, па поради тоа правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните.
Од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани, се заклучуваа ресторани.
Неговите послушници работеа директно против здравјето на граѓаните. Заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриевска Кочоска, го закочи проектот од Светска банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети.
Во меѓувреме, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со корона вирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници“, гласи дел од денешното соопштение на СДСМ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.