19 Декември, 2025
0.0508

СЕ БАКНАА И СКОКНАА ВО СМРТ - Арсен и неговото момче објавија срцепарателни фотографии, па заедно извршија самоубиство поради забранета љубов

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2022 14:35

Добивај вести на Viber

Млад хомосексуален пар го сподели последниот бакнеж пред да скокне во смрт од мост во Ерменија, тврди локална ЛГБТ група.

Тигран и Арсен споделија потресна објава на Инстаграм за нивните последни моменти со натпис: „Среќен крај. Одлуката да ги споделиме фотографиите и нашите следни чекори ја донесовме двајцата“.

Двојката потоа скокна од 95-метарскиот мост Давташен во Ереван, главниот град на земјата, објави Пинк Ерменија.

Локалните медиуми јавуваат дека родителите на младиот човек не ја прифатиле нивната врска, а се верува дека Арсен побегнал од дома, иако тоа не е потврдено.

„Младите мажи имаа уште многу години живот пред нив, но поради нетрпеливост кон нив презедоа таков трагичен чекор“, велат од групата за човекови права Пинк Ерменија.

Како што велат, „ЛГБТ луѓето се многу запознаени со чувството на изолација и неразбирање на семејството и општеството“.

„Овој трагичен инцидент уште еднаш докажува дека ЛГБТ луѓето во Ерменија не се безбедни и не се заштитени од општеството или државата“, се вели во соопштението.

Пинк Ерменија, исто така, рече дека објавата на двојката била преплавена со гнасни хомофобични коментари по нивната смрт, пишува Дејли мејл.

Хомофобијата е голем проблем во Ерменија и многу ЛГБТ парови се соочуваат со дискриминација во поранешната советска нација.

Хомосексуалноста беше декриминализирана дури во 2003 година и многумина сè уште избираат да ги чуваат своите врски во тајност.

Земјата е рангирана на 47 место од 49 во Европа за правата на ЛГБТ, а зад нив се само Русија и Азербејџан.

Во 2012 година, 55 проценти од луѓето рекле дека ќе го прекинат пријателството ако дознаат дека другата личност е геј.

Истата студија покажа дека 70 отсто мислат дека ЛГБТ луѓето се „чудни“.

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ