24 Април, 2024
0.0383

Се бара концесионер; Каде ќе минува скопскиот трамвај?

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Градот Скопје распиша оглас за доделување на договор за јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје. Концесионерот што ќе се избере е должен да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, однсно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во согласност со рокот нведен во договорот, однсно следните 35 години. Понудувачот треба да поседува соодветни сертификати за квалитет и заштита на животната средина, во последните три години да има остваренои приход од 700 милиони евра и најмалку 4 склучени договори за тамвајски или метро системи. Рокот за поднесување на понудте е до април следната година. Во образложението од Градот се вели дека, оправданоста од доделување на договорот за јавно приватно партнерство,  кое ќе се воспостави како концесија за јавна работа, произлегува од потребата за воведување на нов концепт на организирање на јавниот превоз на патници на подрачјето на Скопје, кој значително ќе го подобри квалитетот, брзината, ефикасноста, безбедноста  и одржливоста на постоечкиот јавен превоз на патници во градот . Со воведување на трамвајска линија  се очекува зголемување на бројот на граѓаните кои би го користеле јавниот градскиот превоз.Договорот  ќе се реализира  според моделот проектирање-финансирање-изградба-стопанисување-трансфер. Инвестицијата се проценува дека ќе изнесува 243 милиони евра. Досега интерес покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија. Трамвајот ќе го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 км во двете насоки. Во финансирањето на трамвајскиот систем во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Се уште не е одлучено со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер. Предвидено е трамвајската Линија1 да го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот и со фреквентна временска рамка од 3-6 минути Пред извесен период, дел од опозициските советниците реагираа на пропишаните услови за давање под концесија на идниот трамвајски систем, поради што кога на седницата се гласаше, беа воздржани. Долгонајавуваниот трамвај е идеја која што датира уште од времето кога во градоначалничката фотеља седеше Трифун Костовски. И сегашниот градоначалник ја најави уште на почетокот на неговиот мандат, но дури сега работите мрднаа од мртва точка. Опозициските советници сметаат дека причината поради која што овој важен проект за Скопје четери години се одлговлекува, е поради тоа што градоначалникот Коце Трајановски нема вистинска желба да се зафати со реализација на ниту еден капитален проект во Скопје. Градоначалникот Коце Трајановски,  на една од минатите седници за советнички прашања, изјави дека пролонгирањето е оправдано, бидејќи се работело за најскап проект на Градот.    

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП