Се бара најиновативната идеја за одржлив еколошки
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2015 11:00
Младинската еколошка организација Гоу Грин распишува конкурс за изработка на најдобар есеј на тема: „Одржлив транспорт - составен дел од транзицијата кон чиста енергетска иднина во Македонија“.
Според организаторот на конкурсот, целта е да се стимулираат младите на иновативност во рамките на одржливиот развој и чистата енергија.
„Секоја година сме сведоци на енормното загадување во земјава предизвикано од производството на енергија од фосилни горива и сообраќајот. Потенцијалот на нашите простори за добивање на енергија од обновливите извори на енергија, вклучувајќи сонце, ветер, вода, почва, како и одржливата инфраструктура за велосипедизам, остануваат и понатаму неискористени. Со едуцирање и поттикнување на младите да размислуваат во таа насока, се обидуваме да придонесеме за промени на свеста во ова поле, на подолг период“, изјави Александар Трпковски од Гоу Грин.
За најдобрата идеја и визија за одржлив транспорт, компанијата ОКТА доделува велосипед. Изборот на најиновативното решение на дадената тема ќе биде во рамките на Саемот за чиста енергија кој што ќе се одржи на 16ти и 17ти јуни во ЕУ инфо центарот во Скопје.
Со своите визии и знаења ставени во пишувања форма можат да учествуваат сите млади луѓе од 16 до 24 годишна возраст. Според пропозициите на конкурсот есејот треба да биде напишан во Microsoft Word на македонски јазик и да содржи од 350 до 500 зборови. Крајниот рок за испраќање на есејот е 13 јуни (сабота), 16:00 часот на: info@bidizelen.org
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





