Се бара враќање на полицискиот час за повеќе општини
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Се бара враќање на полицискиот час за продолжениот викенд.
Предлогот на комисијата до власта ќе биде, за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро да биде воведен полициски час, за Фактор потврдуваат од Комисијата.
Велат дека ова е најдобро решение. Целта е да се спречи луѓето да не патуваат за продолжениот викенд.
За да се избегне фреквенција на луѓето кои живеат во општини каде има голем број заразени.
Деновиве ќе има уште анализи, по што ќе се знае дали ова е последен карантин.
Во Македонија скокна бројот на заразени, а денес имаме 101 случај.
Меѓу заразените деновиве се најдоа и функционери од власта.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.