СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Овие земји имаат најголем дефицит на работна сила
Објавено во: Економија 31 Март, 2016 19:06
Силниот економски раст, но ниските плати во однос на западните членки предизвикаа нови проблеми во Источна Европа - недостаток на работна сила. Со недостаток на работна сила се соочуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Во Чешка пак, невработеноста падна на 4.5% што заедно со Германија претставуваат земји со најниска стапка на невработеност. Работодавците бараат помош од владата да им пронајде работници за 150.000 работни места.
Чешките работодавци бараат поедноставување на процесот на вселување на работници. Со слична ситуација се соочува и Полска. Економијата расте, а недостасуваат 73.200 работници, 22% повеќе од претходната година.
Причината за недостаток на работната сила се разликува од земја до земја. Во Чешка недостасуваат работници во сите сектори поради брзиот раст на економијата. Во Полска и Унгарија тоа е цената која државата ја плаќа поради иселувањето на младите во странство, пред се` во Германија и Велика Британија, во потрага по подобар стандард. Во Словачка пак, недостасуваат работници во автомобилската индустрија. Според експертите постојат две краткорочни решенија: увоз на работна сила или зголемување на платите.
Германија пак, може да се нарече ветена земја за работниците поради високите плати кои ги нудат работодавците. Така, германските работодавци плаќаат до 2.500 евра месечно за 35 работни часа неделно, но и платен пат до Германија, па дури и здравствено осигурување и пензија. Германците најмногу бараат бравари. За оваа работна позиција плаќаат од 1.500 до 2.500 евра месечно. Празниците и неделите се платени 50 до 100% повеќе.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




