24 Јуни, 2024
0.0281

СЕ БИРААТ ДИРЕКТОРИ НА ТРИ ИНСПЕКТОРАТИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ - треба и психолошки и тест за интегритет

Објавено во: Македонија 03 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во време кога вниманието на целата јавност е насочено кон војнта во Украина и стравувањето од последиците како тоа ќе се одрази во земјава, пред се во снабдувањето со храна и енергенси и колку ќе се зголемат цените, Владата е насочена и кон пополнување на неколку директорски места.

Повторно се распишани огласи за избор на директори на три инспекторати, но и за избор на пет членови на Инспекцискиот совет, а огласите се објавени и на веб страната на Владата.

Распишан е оглс за избор на директор на Управата за животна средина, со мандат од четири години. Оние што ќе се јават на огласот треба од образование да имаат стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, да имаат минимум пет години работно искуство и да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода илиАПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

Рокот за пријавување е до денеска, односно пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

Преку оглас се бара и директор на Државниот инспекторат за транспорт. 

Кандидатите што планираат да се пријават за таа директорска позиција, од образование треба да имаат стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките или правните науки, потоа, најмалку пет години работно искуство од областа на сообраќајот или правните науки, како и да поседуваат еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години.

А, она што е интересно, е дека за тоа работно место треба да секој кандидат ќе мора да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

„За директор на Државниот инспекторат за транспорт не може да биде именувано лице кое е член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа“, се вели во огласот.

И за ова место се бараат и дополнителни критериуми.

Коефициентот за пресметување на плата за оваа директорска позиција е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата .

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

Односно, сите заинтересиран кандидати треба да се пријават заклучно со 11 март.

Преку оглас, кој трае исто така до 11 март, Владата планира да избере и директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.   

Секој кандидат од образование ќе мора да има има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен - Градежен или Архитектонски факултет, потоа, најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област, како и да поседува еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години. Сите заинтересирани за ова директорско место ќе треба да поседуваат и потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

И за оваа позиција нема да може да биде именувано лице кое е член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието, Владата или соодветната единица на локалната самоуправа.

Покрај овие три директорски места, Владата планира да избере пет члена на Инспекцискиот совет, кои функцијата ќе ја извршуваат професионално, со мандат од четири години, во следниве области:пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа, животна средина и заштита на здравјето на луѓето, градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт, управа иобразование, наука и култура.

Во огласот, кој трае уште денеска, се наведува дека за член на Инспекцискиот советот во соодветната област може да биде избрано лице кое од образование има стекнато 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, потоа, да има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која ќе биде избран за член и да поседува еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик, како и потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Членот на Инспекцискиот советот не можe да биде член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието или Владата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ТАРАВАРИ СЕ ПРОСТИ ОД ГОСТИВАРЧАНИ: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место откако тој стана министер

ТАРАВАРИ СЕ ПРОСТИ ОД ГОСТИВАРЧАНИ: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место откако тој стана министер

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Левица: Уапсени дилери во Охрид блиски до ЗНАМ и Максим Димитриевски

Левица: Уапсени дилери во Охрид блиски до ЗНАМ и Максим Димитриевски