СЕ БЛИЖИ РАМАЗАН БАЈРАМ: Дел од верниците купуваат, а дел си прават баклава

Објавено во: Македонија 26 Март, 2025 07:44
Се ближи муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, а верниците за овој ден купуваат или прават баклава. Во слаткарниците деновиве има многу нарачки. Велат дека работа има, народот купува баклава, а едно домаќинство за слатки троши и по неколку илјади денари.
Но, има и домаќинки кои сакаат самите да си направат баклава за празникот. За добра баклава, потребни се тенко сучени кори. Помладите од постарите ја учеле вештината како да се направи вкусна баклава.
„Има и луѓе што си прават домашна баклава. Во Ресен мислам дека повеќето си прават. Таква е традицијата. Симбол на празникот е баклавата. Локум, баклава, кафе, сок за празникот мора да има за гостите и на тој ден се оди кај постарите. Јас од постарите научив да правам баклава. За овој Рамазан Бајрам спремив 50 парчиња“, вели Билсер Мефаил од Ресен.
Слаткарниците нудат голем избор на баклава, со ореви, вишни, ф’стаци, лешници, чоколадо и друго.
„Муслиманските верници веќе купуваат баклава за празникот. Обично земаат по една тепсија, односно 80 парчиња. Но, ние имаме и посна баклава и неа ја купуваат и христијанските верници кои сега постат за Велигден“, велат од слаткарница во Гостивар.
Празникот Рамазан Бајрам доаѓа по строгиот пост во кој верниците се воздржуваат од консумирање храна, алкохол, цигари како и лоши мисли и дела од зора до зајдисонце.
„Луѓето почнаа да купуваат баклава за празникот. Два-три дена пред Рамазан Бајрам очекуваме поголема потрошувачка. Купуваат и други слатки, не само баклава и тоа по 30-40 парчиња за едно семејство, за да имаат и за себе и за гостите“, објаснуваат од слаткарница од Дебар.
Баклавата е десерт кој може да има и до 70 тенки кори.
„Земаат по една тепсија, но со различна големина се тепсиите, односно има по 30, 40 парчиња. Потрошувачите имаат различни вкусови, ја сакаат грчката баклава, но и онаа што потсетува на домашна. Најбарана ни е баклавата со орев. Торти, кадаиф исто се купува за празникот“, додаваат од слаткарница во Струга.
За празникот верниците купуваат облека, но и подароци. Рамазан Бајрам се одбележува на 30 март во недела, а во понеделник е неработен ден за сите граѓани. Празникот се слави три дена.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

„КОГА ЗАМИНУВААТ ТИЕ НА ОДМОР, НИЕ ДОАЃАМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО“ - „КОЈ Е СЛЕДЕН“ ПОВИКУВА НА МАСОВНОСТ: Во 11 часот денеска ќе кажат кои се барањата

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани
