11 Ноември, 2025
0.0411

„СЕ ЧУСТВУВАМ ВИНОВЕН. ДА МОЖАМ ДА СМЕНАМ НЕШТО, БИ НАПРАВИЛ“: Нури призна вина за прегазувањето на Југослав, но тврди дека помагал

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 12:07

Добивај вести на Viber

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. 

Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предлага докази.

- Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил. За давање помош, сум давал помош. Да има камери таму...  Кажувам дека сум давал помош на покојникот и не се чувствувам виновен за тоа - изјави Нури.

Одбраната бараше одложување на денешното рочиште, со што судот ќе дозволи да се завршат вештачењата и останатите докази за степенот и висината на казната и сведоци за второто дело.

Судот ја раздвои постапката по предметот и за првото дело, за кое обвинетиот призна вина, го одложи за 24 октомври, додека за второто дело, за кое обвинението ќе се брани, судењето ќе продолжи на 11 ноември.

Обвинителката, во воведен говор, рече дека обвинителството ќе докаже дека обвинетиот на 1 јули со своето незаконско управување на мотоцикл без возачка на пешачка патека предизвикал сообраќајна незгода во која Југослав Николовски се стекнал со тешки повреди на кои подоцна им подлегнал.

- Обвинетиот иако Дедо Љубе лежел облеан во крв, по несреќата го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, покажал доблест и останал на местото додека да дојде увидната екипа - изјави обвинителката.

Семејството на починатиот Југослав Николовски најави барање на оштета, додека сопатникот на моторот, рече дека не бара отштета и не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетиот.

Фатон Нури на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел,  по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. 

Како што соопшти Обвинителство, тој  возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. 

При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. 

Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Можеби ќе ве интересира

ОТКАКО ЛОВЕЛЕ НА ДИВО: Уапсени 12 ловџии по убиство од небрежност

ОТКАКО ЛОВЕЛЕ НА ДИВО: Уапсени 12 ловџии по убиство од небрежност

ИЗВЕШТАИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ТЕХНИЧКА СЛИКА, ПРЕТСТАВА, БИДЕЈЌИ ТИЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ: Силјановска Давкова за извештајот на ЕК

ИЗВЕШТАИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ТЕХНИЧКА СЛИКА, ПРЕТСТАВА, БИДЕЈЌИ ТИЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ: Силјановска Давкова за извештајот на ЕК

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ 15 ОБВИНИТЕЛИ: се вклучува и дополнителна екипа за да нема одложување на постапката

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ 15 ОБВИНИТЕЛИ: се вклучува и дополнителна екипа за да нема одложување на постапката

ФЕТАИ 35 ГОДИНИ ЖИВЕЕЛ НАДВОР, ЗАТОА НЕ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ: Рече дека почнал да го изучува

ФЕТАИ 35 ГОДИНИ ЖИВЕЕЛ НАДВОР, ЗАТОА НЕ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ: Рече дека почнал да го изучува

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

Центарот за социјални работи згрижи шестмесечно бебе, мајката го запуштила и го тепала

Центарот за социјални работи згрижи шестмесечно бебе, мајката го запуштила и го тепала

„АКО ЕДНА ИЛИ ДВЕ КОМПАНИИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ДРЖАВАТА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДРУГИ КОМПАНИИ НЕМА ДА СЕ РАЗВИВААТ“: Мизо за заминувањето на две странски компании од земјава

„АКО ЕДНА ИЛИ ДВЕ КОМПАНИИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ДРЖАВАТА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДРУГИ КОМПАНИИ НЕМА ДА СЕ РАЗВИВААТ“: Мизо за заминувањето на две странски компании од земјава

22-годишен неготинчанец со bmw од Луксембург превезувал емигранти од Кина

22-годишен неготинчанец со bmw од Луксембург превезувал емигранти од Кина

„КОЛКУ ПОБЛИСКУ ДО ПРАВДАТА, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ АРСОВСКА ЌЕ Е БУЧНА И НЕРВОЗНА“: ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на екс градоначалничката на Скопје

„КОЛКУ ПОБЛИСКУ ДО ПРАВДАТА, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ АРСОВСКА ЌЕ Е БУЧНА И НЕРВОЗНА“: ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на екс градоначалничката на Скопје