Се фасадираат обејкти од староградска архитектура
Објавено во: Македонија 19 Август, 2013 10:58
Проекти за изработка на неколку фасади на улицата „Илинденска“ ќе изработи Конзерваторскиот центар-Скопје до крајот на годинава во рамки на повеќегодишниот проект за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајните градски јадра, кој минатата година го почна Министерството за култура со надлежните институции.
Како што информира ресорното министерство, во тек е интервенција на фасадите од строградски куќи со впечатлива надорешност во Кичево, Гевгелија, Кратово и во Крушево.
Целта на проектот е зачувување на архитектонско-стилските вредности на градските јадра и соодветен третман на споменичкото наследство.
Министерството за култура досега промовираше шест реконструирани фасади на значајни споменички целини на објекти на градски јадра во Крушево, Скопје, Охрид, Битола и Прилеп.
Во Крушево беше промовиран првиот завршен проект - конзервацијата на фасада на семејна куќа со автентична стара крушевска архитектура. Завршена е и конзервацијата на фасадата на куќа на улицата „Битпазарска“ во Старата скопска чаршија, споменик на културата од периодот меѓу двете светски војни. Обновени се фасадите на автентичните споменични целини во Охрид - куќата на семејството Бојаџиеви во стариот дел на градот и конзервација на фасадата од куќа на ул. „7 Ноември“.
Целосно е обновена и внатрешната фасада на еден од најзначаните културно-историски споменици во Битола - старата битолска касарна во која од 1975 година работи Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола. Во Прилеп, пак, беше целосно реставрирана надворешноста на куќата на Бектешовци, која е еден од ретките изворно зачувани примероци од староградската архитектура.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





