05 Декември, 2025
0.2012

Се градат малите хидроцентрали: 30 до крајот на годинава, 80 во најава

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2013 21:11

Добивај вести на Viber

Кон крајот на септември ќе се објави нов тендер за изградба на мали хидроцентрали, најавија денеска Министерот за економија Ваљон Сарачини и за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Предвидени се нови 80 локации, а сеуште се дискутира дали ќе се објават во еден тендер или ќе се поделат во повеќе,  појаснија министерите.

Тие денеска се сретнаа  со претставници на компаниите кои инвестираат во изградба на малите хидроцентрали.  Вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали е 40 милиони евра. Од нив 16 веќе работат, додека останатите 14 треба се пуштат во употреба кон крајот на 2013 година. Во рамките на проектот „Отворено со бизнисот“, инвеститорите пред Сарачини ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат, од оние административните, па се до изградбата на објектите и нивното пуштање во употреба.

Како што истакна претставникот на компанијата „Мали хидроелектрани“, фирма ќерка на „Енерџи истерн Јуроп“, Самоил Целески, голем дел од проблемите биле очекувани бидејќи првпат се реализираат вакви проекти во Македонија.

„Проектот продолжува да се реализира. Три мали хидроелектрани веќе се пуштени во употреба, една треба да се пушти за 1,5 месец, други две се во фаза на градба, а има и во фаза на подготовка на проекти, не очекува уште доста работа“, забележа Целески пред министерот.

За Сарачини пак, станува збор за сериозна инвестиција и сосема нов сектор.

„Досега е завршена огромна работа. Изградени се 16 мали хидроелектрани во период од 1,5 година и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 14“, изјави по средбата министерот за економија кој додаде дека средбата била искористена да им се укаже на инвеститорите дека институциите се секогаш отворени за дијалог и поддршка.

Поголемиот  дел од малите хидроцентрали се градат во Теарце,  Липково, Демир Хисар и Радовиш.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите