Се гради пат од селото Сув Орав до манастирот Карпино
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2012
Во тек се работите на изградбата на патот од селото Сув Орав до манастирот Карпино во општина Општина Старо Нагоричане.
Општината аплицирала за овој проект до Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој од каде им одобриле средства за изградба на плоштадот во село Малдо Нагоричане и за патот кој води до манастирот кој е исклучително значаен за развој на туризмот во оваа рурална општина.
- За двата проекти одобрени се 9,5 милиони денари. Не се знае до кога ќе трае изградбата. Зависи од временските услови. Изведувач на работите е фирмата „Бетон“ -вели градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.
Во изградбата на патот со 80% од финансиските средства учествува Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а со 20 % учествува самата општина.