Се искачи бројот на жртвите во Кенија на 147, престрелката заврши
Објавено во: Свет 02 Април, 2015 21:49
Последната официјална информација за убиените во Кенија е 147 лица, пренесува „ББС“, повикувајќи се на ифнормации од локалните власти. Тие изјавиле дека антитерористичката операција е завршена и сите четворица напаѓачи биле убиени.
Правиме евакуација на преживеаните студенти. Во некои делови на земјата е воведен полициски час. Тој е наметнат во четири општини во близина на границата на Кенија со Сомалија.
Претходно вечерва министерот за внатрешни работи на Кенија Џозеф Нкаисери соопштил дека четворицата напаѓачи на универзитетскиот кампус во кенискиот град Гариса биле убиени од полицијата.
Сомалика терористичка организација „Аш Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот, во кој има и многу повредени.
Исто така сепак доста студентите биле заробени во кампусот каде сомалиските терористи ги држеа како заложници и водеа престрелка со полицијата.
Џозеф Нкаисери соопштил дека 60 од професорите се надвор од кампусот. Тој додал дека три од четирите згради на кампусот биле евакуирани, а напаѓачите се забарикадирани во четвртата.
Истовремено Министерството за внатрешни работи на Кенија понуди награда од 217 000 долари за информација која ќе доведе до апсење на Мохамед Куно, за кого се смета дека е поврзан со нападот врз кампусот, пренесоа светските агенции. Министерството освен тоа рашири и слика од Куно.
Според „БиБиСи“ Мохамед Куно бил директор на исламско училиште во Гариса, но напуштил во 2007 година.
Шефот на државата побарал кениската полиција да преземе итни чекори и да се забрза процесот за назначување на 10 000 нови полицајци, кои поднеле документи за работа во полицијата.
Претседателот ги повика кенијците да останат смирени и да се обезбедат информации за нападот врз универзитетот. Тој, сепак, не кажа како силите за безбедност ќе избегнат во иднина слични напади.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете





