05 Декември, 2025
0.0452

Се исправија ветерниците во Богданци – се чека уште старт на производство

Објавено во: Македонија 21 Март, 2014 11:18

Добивај вести на Viber

Долгонајавуваниот проект на ЕЛЕМ-Паркот на ветерници ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 60.000 граѓани, односно минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија. Тоа е приближно 2% од моменталното годишно производство.   По неколкумесечно задоцнување, 16-те државни ветерници се издигнаа над Равенец кај Богданци. Од државните Електрани најавуваат дека проектот влегува во финална фаза од изградбата и се чека уште нивно тестирање за да можат да произведуваат струја. “Целосно веќе е завршена  изведбатата на потребната инфаструктура и придружни објекти за  ветропаркот . Изградена е патна инфраструктура, приклучен далековод , командна зграда и  20/110KV трафостаница. На терен веќе се подигнати и целосно комплетирани сите 16 ветерници, а во моментов течат активностите за поврзување на ветерниот парк со електропреносната мрежа на МЕПСО, по што согласно прописите на производителот на опремата  следува период за тестирање на перформансите на комплетната техничка опрема и ветерните турбини преку пробно производство. Пролетва  ќе започне и асфалтирање на комплетната инфраструктура и активностите за хортикултурно уредување на просторот околу ветерниците. Согласно динамиката на работа, веднаш по тест периодот,  пролетва,  овој капацитет ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем на Република Македонија и ќе влезе во редовно производство на таканаречена „зелена“ енергија“, велат за Фактор од ЕЛЕМ. Стартот на производството на електрична енергија од првиот државен ветерен парк доби нови рокови. Наместо од крајот на 2013 година, како што последно најави инвестоторот, сега се најавува дека ветерниците ќе почнат со производство на струја оваа пролет. Причината за ваквото оддолжувањето од ЕЛЕМ ја правдаат со сложениот процес на транспорт и поставување на ветерните турбини. “Самиот процес на монтажа, му претходеше и исклучително сложената операција за транспорт на  компонентите на ветерниците. Деловите од само една  ветерница за да се  превезат од Солунското пристаниште до самата локација  беа распоредени во десетина огромни камиони, што формираа конвој подолг од еден километар. Вкупната тежина на сите компоненти  што сочинуваат една ветерница надминува 330 тони“, објаснуваат од ЕЛЕМ. На почетокот на ноември минатата година на граничниот премин Богородица пристигнаа ветерниците од ветерниот парк Богданци. Километарски конвој од околу 10 камиони натоварени со над 330 тони од Солунското пристаниште се упати кон Богданци. Во специфичниот транспорт само возилото кое ја пренесуваше гондолата каде е сместен генераторот тежеше 85 тони. Ветерниците ќе учествуваат со 2% од моменталното годишно производство на струја Конзорциумот од Siemens Wind од  Данска и Siemens AS од Грција кој му ги испорача на ЕЛЕМ турбините е должен да го пушти во употреба ветерниот Парк, но и да се грижи за неговото одржување. “Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди  вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект“, велат од ЕЛЕМ за Фактор. Дел од парите за реализација на Првиот ветерен парк „Богданци“  се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка, потпишан во април 2012 година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, заемот КФВ Банка е во износ од речиси 48 милиони евра, додека 7,6 милиони евра треба да ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства. Од компанијата оптимистички најавуваат дека ветерниот парк во Богданци ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани, односно минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Од ЕЛЕМ додаваат и дека ветерниците ќе ја зголемат инстралирана моќност на ЕЛЕМ за 36,8 мегавати.  К.П  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија