20 Декември, 2025
0.0495

Се истражува работењето на фирмите увознички на струја!

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 08:29

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЕФТ, Вук Хамовиќ вели дека не е крадец и дека не е загрижен поради најавите на министерката Зорана Михајловиќ дека ќе биде испитано работењето на ЕФТ во трговијата со струја. „Убеден сум дека нема елементи за покренување постапка, бидејќи нема елементи. Најмногу сакам обвинителството јавно да каже дека нема основа, но обвинителството нема обврска тоа да го направи. Изјавите на министерката не беа констатација на вина, туку обвинителството да го прегледа работењето“, изјави Хамовиќ во седиштето на компанијата во Белград. Хамовиќ уште додал дека има голема желба да се расчисти случајот со приватизација на Националната штедилница, која е на списокот 24 спорни приватизации и уште додаде дека од политичките партии ги има финансирано единствено Демократската партија во текот на деведесетите години, а дека неговиот поранешен партнер Војин Лазаревиќ имал свои политички афинитети. Министерката за енергетика Зорана Михајловиќ во јуни изјави дека обвинителството ги испитува наводите на Антикорупцискиот тим од нејзиното министерство за злоупотреби за кои се сомничат Вук Хамовиќ и Војин Лазаревич. Хамовиќ на вчерашната прес конференција одби да зборува за случајот Национална штеделница, велејќи дека се за тоа објавил на својот сајт. (www.vukhamovic.com.) Претседателот на ЕФТ, Хамовиќ, во врска со обвинувањата за злоупотреби во трговијата со струја, подсети дека српското Собрание пред десет години основало анкетен одбор на чело со Александар Вуќиќ, актуелниот вицепремиер и кој своите наоди ги проследил до обвинителството, но после тоа не бил покрената постапка против него. „Анкетниот одбор тогаш препорача ангажирање на меѓународни експерти, па би било пожелно обвинителството да побара анализи и од компетентни фирми како што се „Дилојт и Туш“ или „Ернст и Јанк“, изјави Хамовиќ. „Ми пречи кога ме нарекуваат тајкун, бидејќи не сум крадец. Не е добра идеја да се уништи секој кој е успешен и богат“, изјави Хамовиќ. Вук Хамовиќ важи за еден од најмоќните и најбогати луѓе на Балканот, кога е во прашање пазарот со електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација