Се излеа Брегалница, поплавени повеќе куќи во Штип и Свети Николе
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013
Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто градот Штип се снабдува со вода за пиење. На Штипјани им се препорачува да не ја користат водата за пиење.
За сообраќај е затворен регионалниот пат од Штип којшто води кон Радовиш од населбата штипско Ново Село. Возилата коишто доаѓаат од Радовиш и од југоисточниот дел од државата треба да возат по заобиколницата за да влезат во Штип, односно од кај приградската населба Три Чешми. Поплавен е и градскиот стадион во Штип.
Состојбата со поплавите е алармантна и во Свети Николе. Долж градот се поплавени повеќе куќи, а во моментов нема струја