Се кратат стечајните постапки, наместо гасење на компанијата ќе се стимулира реорганизација
Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2013 18:27
Покрај тоа, ќе се воведе и електронско постапување во делови од стечајната постапка, која ќе гарантира независност и фокус на приоритетите односно одлуките од судот во врска со стечаите ќе се објавуваат на новововедена електронска рубрика Е-стечај на веб страна на Централниот регистар, се воведува електронско именување на стечајни управници, се воведува електронска продажба на имотот на должникот, а се ограничува и бројот на огласи за продажба на 3 огласи. „По три неуспешни обиди се распределува имотот на доверителите и се заклучува стечајната постапка. Со ова се елиминира одолговлекувањето на постапките со што се избегнува намалување на вредноста на имотот што е предмет на продажба“, појасни меѓу другото портпаролот на Владата. Третиот корпус измени, посочи Ѓорѓиев, се однесува на значително намалување на роковите за постапување, со што ќе се придонесе за брзо процесуирање на предметите, ефикасност и ефективност и заштита на вредноста на имотот. Определување рок за постапување во стечајната постапка и во случај на субјективно оддолжување се разрешува стечајниот управник, скратени се роковите за вршење попис и процена на имотот на должникот со што се забрзува постапката, скратен е рокот за пријавување на побарувањата и за испитување на побарувањата со што се забрзува постапката пред донесување на одлука за натамошен тек на постапката, се дел од измените. Скратени се и роковите во парнична постапка за постапување по стечајни предмети, како и за постапување по жалби во Апелационите судови и Врховниот суд.
Се укинува и стечајниот совет како орган кој решава по жалби и со тоа се скратува времетраењето на постапката, а по спорови во врска со стечајот наместо во парнична постапка кај друг судија ќе се решава пред стечајните судии со што се добива во време. Во просек, подвлече Ѓорѓиев, роковите за постапување се кратат за половина од постоечките, а финалните ќе бидат утврдени по јавната дебата. „Овој Нацрт-предлог закон за измена и дополнување на Законот за стечај е испратен до меѓународни организации за да дадат мислење и евентуално да го подобрат квалитетот на законот, а ќе има и јавна дебата за текстот на законот со засегнатите страни“, потенцира владиниот портпарол. Со сите овие измени, смета портпаролот на Владата, се овозможува во идниот период да имаме големи придвижувања во позитивна насока во оваа област, што ќе биде од интерес за економскиот развој, за бизнисите и за работниците
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





