05 Декември, 2025
0.1071

Се крои рамка за заштита на животниот стандард со долгорочни мерки

Објавено во: Економија 22 Август, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Се работи на сет на мерки кои ќе дадат придонес долгорочно да се држи степенот на инфлација на пригодно европско стандадрно ниво. Во нивната изработка покрај Министерството за економија и труд се вклучени и сите релевантни институции како што се Министерството за земјоделство, Царинската управа, Министерството за финансии, Народната банка, најави вечерва заменик министерот за економија и труд Маријан Ристески.

-Се прават големи анализи за заштита на животниот стндард, односно за цените поврзани со исхраната. Врз основа на тоа очекуваме во иднина да се донесат поквалитетни мерки од Владата, бидејќи за долгорочни мерки е неопходна опсежна анализа која се прави во моментов. Сакаме да направиме поодржлива рамка за заштита на животниот стандард која би била долгорочна. Гледаме дека во одредени сегменити на храна има манипулации и изигрување на пазарната логика и таму каде што анализите ќе ни покажат дека има такви манипулации ќе одиме со мерки кои нема да бидат краткорочни, туку догорочни за да не ни се случи по два месеци повторно да имаме зголемување на цените, рече Ристески во гостување на Канал 5.

Тој посочи дека проблемот со цените на храната е глобален и додаде дека главната цел на Владата е да ја задржи инфлацијата на пониско и задоволително ниво и да ги стабилизира цените кои имаа големи флуктации во изминатиот период. 

-Минатата година направивме неколку одлуки и мерки на Владата со кои имавме одредено стабилизирање на инфлацијата, но одма после мерките имавме повторно зголемување на цените и мало придвижување на инфлацијата. Затоа со добра анализа на мерки кои би следувале ќе гледаме да направиме подолгорочен ефект на стабилизирање на цените и да се држи степенот на инфлација на ниско ниво, потенцира Ристески. 

Со нови квалитетни и издржани мерки, додаде, ќе им се укаже на сите чинители во синџирот на снабдување со храна да не се изигруваат пазарните правила на игра, зашто ако го направат тоа ќе следуваат подолгорочни мерки од шест месеци до една година.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?