Добивај вести на Viber
Општина Гевгелија досега решила вкупно 30,1% од поднесените барања за легализација на дивоградби во овој регион.
Како што информираа од општината, во текот на 2012-та година изградени се 65 објекти со различна намена. Најголемиот број одобренија, според податоците од општинското одделение за урбанизам, се издадени за градба на индивидуални куќи, колективни станбени објекти и деловни објекти.
Инаку според податоците од одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина, од поднесените 4.120 барања за легализација комплетно се решени 1.266 од нив.
За дел од поднесените барања постапката за легализација се уште трае, велат од општината.